Актуелниот македонски кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром ќе игра во финалето на плејофот, откако вечерва во СРЦ „Кале“ го победи ТФТ со 92:82.
Аеродромци полуфиналната серија ја завршуваат со 2:0. Најефикасни на вечерашниот меч беа Ајви со 18, Милошевиќ со 17 и Дамјан Стојановски со 16 поени.
Во поразениот тим се истакнаа Морган со 19, Хортон со 17 и Николов со 15 поени.
Претходно во текот на денот Еуро Никел во Кавадарци го победи Пелистер со 90:89 и се изборија за трет натпревар во втората полуфинална серија од плејофот.