Екипата на Бостон селтикс рано утрово го совлада Мајами со 100:96 во седмиот натпревар од полуфиналето на НБА-лигата и се пласира во големото финале.

Џејсон Тејтум со 26 поени и 10 скока беше најдобар во победничкиот тим, Џими Батлер во редовите на домашната екипа беше најефикасен со 35 поени.

Бостон ја доби серијата од конференциското финале во Источната конференција со 4-3 во победи.

Во финалето на плејофот, Селтикси ќе се соочат со Голден Стејт, кој претходно го совлада Далас (4-1).



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2022 09:17