Младите кошаркарки на Вардар се победници во М12 лигата, откако викендов беа најуспешни на завршниот турнир одржан во Скопје. До победничкиот пехар и златните медали „вардарки“ стигнаа по победата со 52:34 во финалниот дуел против екипата на Jасмин 95 од Кавадарци.

Претходно, во натпреварот за третото место, екипата на Спорт Тим од Неготино излезе како победник во „малото финале“ против Струга 2009 (29:19), и ги освои бронзените одличја на турнирот.

Теа Трајковска, кошаркарка од победничката екипа, беше прогласена и за најкорисна на дводневниот собир на четирите најдобри екипи во оваа конкуренција.

Во машка конкуренција за оваа возрасна категорија, македонски шампион стана екипата на МЗТ Скопје Аеродром.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2022 10:02