Македонската машка кошаркарска репрезентација до 14 години ја забележа втората победа на меѓународниот турнир во романскиот град Плоешти, совладувајќи го денеска Косово со 77-68.

По триумфот над Турција во второто коло, македонските кошаркарски надежи одиграа уште еден квалитетен натпревар и на полувреме имаа солидна предност од 40-29.

Косово го доби третиот период со 22-18, за да намали на 51-56, но „црвено – жолтите“ беа подобри во финишот во кој ја одбранија предноста и стигнаа до втората победа на собирот во Романија.

Ѓорѓевиќ беше најефикасен во македонските редови со 20. поени, додавајќи и осум скокови, додека Цветковски постигна 17 кошеви.

Претходно денеска, македонската женска репрезентација до 14 години загуби од Косово со 63-22.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2022 16:01