Македонскиот кошаркарски прволигаш Гостивар следната сезона ќе биде предводен од младиот и трофеен стручњак Љупчо Малинков.
Поранешниот тренер на Фени Индустри и на Пелистер, доаѓа во редовите на Гостивар од најтрофејниот косовски клуб Приштина.
Помошник тренер и во следната сезона останува Никола Димитриевски.
Малинков седнува на клупата на Гостивар на местото на Алек Јончевски, кој пред еден месец доби отказ од клупското раководство поради незадоволителни резултати.