Денес за прв пат како Општина Бутел доделивме парични ваучери на најдобрите наши ученици од општинските основни училишта!

Беа доделени парични ваучери во вредност од 12.000 денари и 10.000 денари на најдобрите ученици.

На 11 првенци на генерација во три наставни јазици македонски, албански и турски им беа доделени парични ваучери во вредност од 12.000 денари.

На основците од 8, 7, 6 и 5 одделение во трите наставни јазици им беа доделени парични ваучери во вредност од 10.000 денари.

Вложуваме максимално во образованието Континуирано се грижиме за нашите најдобри ученици.

Учениците се наша гордост, наша должност е да го почитуваме нивниот труд.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2022 12:30