Актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва е домаќин на Пелистер во рамки на првиот натпревар во серијата до три победи во финалето од разигрувањето за титулата во Првата македонска кошаркарска лига.
МЗТ Скопје Аеродром го игра своето 16. финале во обид ја освои деветтата титула, додека Пелистер е дебитант во завршницата за кошаркарската титула.
Вториот натпревар е на програмата в недела во Битола по што финалната серија се враќа во Скопје со третиот дуел во вторник.
Евентуалниот четврти натпревар ќе се игра на 10 јуни во Битола, додека МЗТ Скопје ќе биде домаќин на евентуалната мајсторка на 12 овој месец.