Сопствениците на НБА лигашот Портланд добија понуда да го продадат клубот за две милијарди долари, јавија денеска американските медиуми.
Според ЕСПН, зад понудата за купување на Портланд стојат основачот на компанијата „Најк“, Фил Најт и косопственикот на безбол клубот Лос Анџелес доџерс, Алан Смолински.
Сè уште не е склучен официјален договор за можно купување на Портланд, но во тек се сериозни разговори меѓу двете страни.
Портланд, кој во својата историја има една шампионска титула во НБА лигата (1977), од 1988 до 2018 година беше во сопственост на коосновачот на „Мајкрософт“, Пол Ален.
По смртта на Ален во септември 2018 година, сопственоста врз клубот ја презеде неговата сестра Џоди