Кошаркарите на Црвена ѕвезда синоќа во Белград го победија Партизан со 80:77 и освоија нова титула во регионалната АБА-лига.

Во меч со многу тензии, подолг прекин поради фрлање предмети кон судиите и празнење на салата, победникот беше одлучен во последните секунди. Партизан го имаше последниот напад и можност со тројка да се избори за продолжение, но не реализира за голема радост на „црвено-белите“.

Најефикасен играч на теренот беше Кевин Пантер од Партизан со 27 поени. Во победничкиот тим Дејан Давидовац постигна 15 поени.

Финалната серија заврши со вкупни 3-2 за Црвена ѕвезда.

За „црвено-белите“ ова беше шести трофеј во регионалната лига. Тие претходно беа најдобри во АБА во: 2015, 2016, 2017, 2019 и 2021 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2022 10:02