Членот на Црвена ѕвезда, Огњен Добриќ е прогласен за најкорисен кошаркар (МВП) во плејофот на регионалната АБА-лига за сезоната 2021/22.

Добриќ со исклучителни перформанси во текот на полуфиналните и финалните настапи, ги предводеше „црвено-белите“ до шестиот трофеј на Јадранот.

МВП-то имаше просек од 11,6 поени, 2,6 скока, 1,5 асистенции и највисока оценка од 11,6 во победничкиот табор.

Црвена ѕвезда синоќа во петтиот меч од финалната серија го победи Партизан со 80:77 и го одбрани шампионскиот трофеј.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2022 10:06