Во Крива Паланка денеска и утре ќе се одржи финалниот турнир за кошаркарки под 14 години, чијшто домаќин е кошаркарскиот клуб „Крива Паланка“.
Во поладневните часови денеска со почеток во 17 часот во првиот полуфинален меч се среќаваат ЖКК „Вардар“ – Скопје и ЖКК „Струга 2009“ – Струга, додека домаќините ќе ги одмерат силите со ЖКК „Бадел 1862“ – Скопје, во дуелот со почеток од 19 часот и 30 минути.
Крива Паланка важи за кошаркарски град, расадник на бројни млади таленти и во машка и во женска конкуренција, а пред само две седмици клубот ја освои и шампионската титула во јуниорска женска конкуренција.
Полуфиналните натпревари во возрасна категорија кошаркарки роднеи 2008 година и помлади ќе се играат во спорстаката сала „Бранители 2001“, а поразените екипи од двете полуфинални средби ќе играат утре за третото место, од 17 часот, а натпреварот за титулата најдобра екипа до 14 години, е закажан за 19.30 часот.