Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, искажа пофални зборови за својот тим кој игра финале во НБА-плејофот.

Голден Стејт се бори за шампионскиот трофеј со Бостон селтикс. Резултатот е 2:2 во финалната серија која се игра до четири победи.

– Имаме група кошаркари кои еден ден ќе бидат во Куќата на славните. Мислам на Стив Кари, Клеј Томпсон, Дрејмонд Грин. Тие беа во тимот цело време, па не само што се надарени, туку се и неверојатно конкурентни, што е потребно за победа на гостински терен. Мора да покажете волја, интензитет и желба за победа. Овие играчи го имаат тоа, изјави Кер за „Sky Sport“.

Натпреварот број 5 од серијата ќе се игра на 14 јуни на теренот на Голден Стејт во Сан Франциско.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2022 10:27