Екипата на Водно Санс е државен првак во М16 лигата во машка конкуренција. „Црно-белите“ синоќа во финалето го победија тимот на ФМП Академија со 102:69.
Цела една петорка во победничката екипа финишираше со десет и повеќе поени. Кириловски даде 17, Јаничиќ 16, Марјановиќ 15, Бутемер 14, а Митев уште 11.
Најефикасен кај ФМ, воедно и на натпреварот беше Никола Поповиќ со 25 поени.
Претходно, во натпреварот за третото место, екипата на Феникс го победи Вардар со 62:59.
За најкорисен играч на финалниот турнир (МВП) е прогласен Коста Кириловски од Водно Санс. Тој во полуфиналето против Вардар, направи дабл-дабл од 23 поени и 15 скока, додека пак во финалето, против Академија ФМП, реализираше 17 поени, на кои додаде и осум скока. за вкупен индекс 50 (на двете средби од турнирот).