Најдобриот кошаркар на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум зборуваше за состојбата на тимот пред петтиот натпревар од финалната серија против Голден Стејт вориорс.

Момнеталниот резултат е 2:2 во серијата прв до четири победи.

– Поразот во четвртиот натпревар беше многу разочарувачки, ние го знаеме тоа. Во пресрет на петтиот натпревар, јасно ни е како да се однесуваме. За нас ова е трета серија по ред со петти натпревар. Знаеме што треба да се направи. Знаеме колку е сериозно и дека сите ситници се важни, дека треба да внимаваме на деталите, нијансите. Останувам самоуверен, како и во текот на целиот плејоф. Верувам дека ќе одговориме на вистински начин и ќе играме подобро во поголемиот дел од следниот меч, рече Браун.

Петтиот натпревар од големо финале во НБА-лигата е закажано за ноќта понеделник кон вторник во 3 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2022 10:27