Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години во периодот од 30 јули до 7 август ќе земат учество на Европското првенство за јуниори (до 18 години) што ќе се одржи во Измир, Турција. По неколку селективни тренинзи, селекторот Тони Симиќ ги одбра кошаркарите со кои ќе го започне официјалниот дел од подготовките.

Првиот собир на машката јуниорска репрезентација е закажан за в среда (15 јуни) во малата сала на Кале со почеток во 18 часот.

Повик од Симиќ добија:

Теодор Симиќ – Барселона, Шпанија Андреј Шошкиќ – Работнички Василиј Србиноски – Работнички Виктор Стојковски -МЗТ Скопје Аеродром Тома Стојаноски – Гостивар Метин Саити – Работнички Петар Бошалески – Работнички Марко Трипуноски – Работнички Рубин Стефанов – Канту, Италија Ненад Јовановиќ – Стела Азура, Италија Петар Башоски – СБА Академија, Шпанија Гојчо Стевковски – МЗТ Скопје Аеродром Алек Петкоски – Вардар Христијан Тодороски – Еуро Никел 2005 Лука Димитриевски – МКК Куманово Павел Иванов – Вардар Стефан Гоцевски – Работнички Михаил Стојанов – ТФТ Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2022 12:43