Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, изјави дека има намера да ја заврши финалната серијата во НБА-лигата во шест натпревари.

– Сакаме да ја освоиме титулата во Бостон. Ќе ја завршиме серијата во Бостон, рече Кер.

Шестиот натпревар ќе се одигра на 17 јуни на теренот на Бостон селтикс со почеток во 3 часот по македонско време.

Доколку домаќините победат шампионот ќе се решава на седмиот натпревар во Сан Франциско.

Голден Стејт може да ја освои четвртата титула во последните осум години кои тимот ги играше под водство на Кер.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2022 10:19