Тоа што го најавија во текот на вчерашниот ден, раководството на Баскет Кам 2011 го реализираа денеска, поврзано со трансфер на уште една кошаркарка со репрезентативен калибар.

Ново име во ростерот за наредната натпреварувачка сезона во екипата од Македонска Каменица е Цветанка Димова.

Довчерашната кошаркарка на нивниот главен ривал во битките за трофеите во изминатите две сезони, Бадел 1862, се обврза на едногодишен договор со актуелниот освојувач на Купот на Македонија.

Со тоа Баскет Кам 2011 комплетираше одлична двојка на надворешните позиции во тимот, откако ден порано беше постигнат договор и со Сања Адамовска, со што и дефинитивно екипата од Македонска Каменица и понатаму ќе води главен збор во трката за трофеите во домашниот шампионат, а многу извесно и низ натпревари надвор од Македонија, кои се дел до плановите на раководниот тим.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2022 12:02