Рускиот суд донесе одлука најмалку до 2 јули да и го продолжи притворот на американската кошаркарка Бритни Гринер (31), која веќе неколку месеци е зад решетки во Москва под обвинение за криумчарење дрога, јавија руските медиуми.

Една од најпознатите американски кошаркарки во февруари годинава беше приведена на московскиот аеродром кога цариниците кај неа, наводно, пронашле масло од канабис по што беше обвинета за криумчарење наркотици за што во Русија е предвидена затворска казна до десет години.

Притворот на Гринер, која настапува за рускиот тим Екатеринбург, неколку пати досега и беше продолжуван и таа сè уште чека да почне судскиот процес.

Американскиот Стејт департмент неодамна порача дека Гринер е „неправедно приведена“.

Гринер со тимот на Екатеринбург освои четири европски титули.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2022 04:27