Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ е назначен за нов тренер на рускиот гигант ЦСКА Москва, потврди денеска осумкратниот европски шампион.

Трофејниот македонски стручњак потпиша договор на една плус една сезона, а ангажманот во рускиот гигант е убедливо најголем успех на еден македонски тренер во историјата.

Рајковиќ во ЦСКА доаѓа по успешната сезона со екипата на Автодор Саратов, која поради суспензијата на руските клубови во ФИБА натпреварувањата го спречи да ја заврши кампањата со трофеј.

Кошаркарската Евролига претходно оваа недела ја потврди суспензијата за руските клубови и за следната сезона во елитното европско клупско натпреварување.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2022 15:42