Македонските кошаркарски репрезентации до 14 години во машка и женска конкуренција во вториот круг од натпреварите на турнирот во Турција претрпеа денеска два пораза од соодветните селекции на Бугарија.
Во рамки на ФИБА развојниот турнир „Едирне 2022“, македонските кошаркарки беа убедливо поразени од Бугарија со 98:25.
Уште во првата четвртина Бугарките направија висока разлика (25:9), која до полувремето ја зголемија на (43:16). Во продолжението на играта не се поставуваше прашањето кој ќе биде победникот и Бугарија ја оправда фаворитската улога.
Втор пораз на турнирот во Едирне запиша и машката селекција до 14 години, со 120:57 од Бугарија.
Жарко Терзиевски со 14 и Ѓорѓи Цветковски со 11 поени беа најефикасни во македонскиот состав.
Утре, од 11. часот, македонската женска репрезентација ќе ги одмери силите со Косово, а два часа подоцна во Едирне е предвидено и одигрувањето на средбата Македонија-Косово во машка конкуренција