Првата ѕвезда на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, изјави дека по освојувањето на наградата МВП на финалето, неговата биографија сè уште не е совршена.
– Сè уште не сум доволно добар. За две години треба да играм за Кер во Париз. Така барем вели самиот тренер. Тоа се негови зборови, а не мои, изјави Кари.
Најзаслужниот за освојување на шампионскиот трофеј на „воините“ сака да стане олимписки шампион со тимот на САД.
Олимписките игри во Париз ќе се одржат 2024. Селекторот на американскиот национален кошаркарски тим е Стив Кер, предводникот на Голден Стејт.