Во галеријата на центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид в четврток ќе биде отворена изложбата „Блиски средби“ на фото клубот „Охрид“.
На изложбата ќе бидат прикажани 40 фотографии од автори од држави на поранешна Југославија, а направени за време на Самитот на фотографи од екс Југославија
– Изложбата е резултат на соработката меѓу Фото клуб „Охрид“ и Фото клуб „Лесковац“. Фотографиите се печатени на форекс и се со димензии 40 х 70 центиметри, соопшти Центарот за култура.