Кошаркарот на Црвена ѕвезда, Никола Калиниќ ќе се пресели во Барселона.

Некои шпански медиуми објавија информација дека претставници на двете страни се согласиле да потпишат договор за соработка.

Актуелниот договор меѓу 30-годишниот Калиниќ и Црвена ѕвезда вклучува откупна опција во износ од 150.000 евра.

На натпреварите од сезоната 2021/22 во Јадранската лига, Калиниќ во просек постигнуваше 11,4 поени, 3,5 скока и 3,3 асистенции по натпревар.

Пред два дена „црвено-белите“ ги напушти и Дејан Давидовац кој реши кариерата да ја продолжи во ЦСКА Москва.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2022 12:29