Кошаркарот на ТФТ, Страхил Николов се најде на списокот на селекторот на македонската репрезентација Драган Бајиќ за претстојниот јулски ФИБА „прозорец“. Тој од подготовките со повозрасните очекува да напредува во играта и да собере ново искуство.

– Првпат сум повикан, оттука можам да кажам дека е чест и задоволство што сум дел од овој тим, и да ветам дека ќе се обидам да се покажам во најдобро светло, и да помогнам, колку што можам сите заедно, во овој циклус да дојдеме барем до една победа. Би рекол дека поголеми се шансите да го направиме тоа во дуелот со Украина, затоа што сепак, Шпанија е нешто друго. Но како и да е, ќе се обидеме и со Шпанија да одиграме најдобро што можеме. Ние помладите собираме искуство низ овие заеднички тренинзи со доста поискусни играчи од нас. Ова време сакаме да го искористиме да собереме повеќе искуство. Секако и да бидеме дел до оваа селекција и во некои наредни акции на репрезентативниот тим, изјави Николов за веб-страницата на КФСМ.

Натпреварот со Шпанија е закажан за 1 јули во Сарагоса, три дена подоцна (4 јули), во Скопје доаѓа Украина.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2022 13:26