Во Домот на култура „Злетовски рудар“ отворена е јубилејната 30-та Лесновска ликовна колонија.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов истакна дека годинава во Лесново ќе творат уметници од земјава и од соседните Србија и Бугарија.
– Општина Пробиштип има една од најстарите колонии во државата, со којашто може да се гордее со оглед на бројните уметници и дела низ годините наназад.Благодарност до сите досегашни директори на Домот на културата, кои имаат дадено свој придонес за одржување на колонијата. Благодарност и до сите општествено одговорни компании кои секоја година се помагатели на оваа манифестација, рече Анастасов.
Уметниците во наредните шест дена ќе творат во Лесново, нивните дела ќе бидат изложени во Домот на културата и во текот на годината низ градовите во државата.