Македонскиот оперски режисер Трајко Јордановски вечер во Културно-информативниот центар во Скопје ќе одржи концерт насловен „Под ѕвездено небо“.

Концертот, освен вокалната интерпретација од страна на солистите, ќе биде збогатен и со режиска разработка на музичките точки од програмата, со што ќе се збогати и оплемени визуелната страна од овој проект. Ќе биде збогатен и со светлосни ефекти и се очекува проектот да биде всушност целосно оперско доживување.

Корепетитор на концертот е Елена Силјаноска, а солисти се Виктор Битоски и Билјана Бајевска.

Трајко Јордановски е македонски оперски режисер, кој ја има режирано словенечката оперета „Ковачев студент” во Нова Горица во Словенија, со друштвото Франце Прешерн, а со солисти од МОБ. На малата сцена на МОБ тој ја има поставено претставата „Васовалци”.

Своја премиера има на операта „Слугинка господарка” од Џовани Батиста Перголези во Скопје и „Орфеј и Евридика“ од Кристијан Вилибалд Глук, додека пак „Веселата вдовица“ од Франц Лехар ја постави на големата сцена на МОБ.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2022 09:25