Македонската кошаркарска репрезентација, предводена од селекторот Драган Бајиќ и неговите асистенти се наоѓаат во Сарагоса каде утре ќе одиграа натпревар со Шпанија.

„Црвено-жолтите“ го одработија првиот од трите предвидени тренинзи во салата „Павиљон Принц Фелипе“.

Натпреварот ќе се игра утревечер со почеток во 19:30 часот. Домаќинот е апсолутен фаворит, но од таборот на македонскиот национален тим порачуваат дека нема предавање.

Ова е дуел од 5.коло во квалификациите за пласман на Светското првенство 2023.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2022 12:42