Македонската машка кошаркарска репрезентација загуби вечерва убедливо од Шпанија на гостински терен во Сарагоса со 80-44, во рамки на првиот од двата јулски натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година.

Единствен со двоцифрен ефект во македонскиот состав во пресметката со актуелниот светски првак беше Јакимовски со 14 поени.

Македонската кошаркарска репрезентација утре се враќа во Скопје, каде в понеделник во салата „Борис Трајковски“ ја пречекува Украина во обид да ја запише првата победа во групната фаза од мундијалските квалификации.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2022 00:38