Ѕвездата на Бруклин нетс, Кевин Дурент побара размена, а Мајами е наведен како негов префериран тим.

Кевин е подготвен да се приклучи на „жешките“ од Мајами, но под одредени услови.

Според инсајдерот на „Атлетик“, Сем Емик, Дурант сака да игра во истиот тим со Џими Батлер, Бам Адебајо и Кајл Лоури.

Така, клубот од Флорида треба да го трејдува Дурант и при тоа да ги задржи актуелните лидери.

Претходно беше објавено дека во случај на трејд со Хит, тимот на Бруклин за возврат ќе го бара Адебајо.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2022 10:28