Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) одлучи да не наплаќа билети за натпреварот на „црвено-жолтите“ со Украина.
Средбата ќе се игра во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, на 4 jули (понеделник) од 18 часот.
– Ги покануваме сите искрени љубители на кошарката да дојдат и да го проследат овој натпревар од 6. коло од „Г“ квалификациската група за Светскиот Куп, „во живо“, и да му дадат поддршка на нашиот подмладен состав во обид да ја реализираме првата победа во овој квалификациски циклус, стои во апелот на КФСМ.
Македонските кошаркари се без шанси за пласман на Мундијалот, па со Украина ќе играат за престиж и за прва победа во овој квалификациски циклус.