Изложба на алтернативни фотографии „Да растеме заедно“ ќе биде отворена вечер во Културно-информативниот центар – Скопје.

Оваа изложба претставува најава и отворање на новиот фестивал на алтернативна фотографија „Зрно“, на кој оваа година ќе се случуваат и работилници за алтернативна фотографија.

На изложбата со алтернативни фотографии ќе се претстават авторите Кети Талевска-Бакревска, Викторија Мачковска, Мартина Павлоска и Сашо Алушевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2022 09:25