По доаѓањето од Сарагоса и непосредно по тренингот одработен во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ се одлучи за една промена во ростерот.

За средбата против Украина, предвидена за утре од 18 часот, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, Бајиќ ќе смета и на Валмир Какруки, кој ќе го замени Виктор Ефремовски.

Крилото на Работнички не е во улога на дебитант, ако се земе предвид дека во овој квалификациски циклус веќе доби шанса да заигра за нашиот сениорски национален тим. Играше на двете средби против селекцијата на Грузија во кој собра четири минути.

Какруки утре ќе чека нова шанса да го зголеми бројот на одиграни минути за сениорскиот состав кој го финишира првиот круг од натпреварите за пласман на Светското првенство во 2023 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2022 09:44