Битолското културно лето „БитФест“ продолжува со манифестацијата „Недела на детски филмови“ во чии рамки ќе бидат емитувани пет филмови за деца и млади од поновата европска продукција.
Програмата ќе се реализира во кино „Манаки“, а почнува со проекција на филмот „Неверојатната приказна за џиновската круша“, синхронизиран на македонски јазик и продолжува до 8 јули со секојдневни проекции.
Според програмата, утре ќе се емитува детската авантура „Кариран нинџа“, исто така синхронизиран на македонски јазик, а на програмата до 8 јули се и „Хакер“, „Патештествието на принцот“ и „Мираи“.
Влезот за проекциите е слободен.