Инсајдерот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски зборуваше за моменталната ситуација со Кевин Дурант и Кајри Ирвинг, кои сакаат да го напуштат Бруклин.

– Ситуацијата со размената на Дурант и Ирвинг полека се развива. Засега нема потези. Лејкерси ми кажаа дека сè уште не презеле ништо за да го добијат Кајри. Но сè може да се промени, ситуацијата ќе се развива. Деновиве нема големо придвижување за можните тргувања со Ирвинг и Дурант. Клучната разлика меѓу нив е тоа што на Ирвинг му истекува договорот, така што има само ограничен број на тимови кои се заинтересирани да го подигнат моменталното ниво на тимот и се подготвени да ризикуваат, објави Војнаровски.

Ирвинг и Дурант се во Бруклин нетс од 2019 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2022 12:51