Дел од жителите на скопските села Ракотинци, Батинци и Љубош денеска ќе останат без вода за пиење.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во Ракотинци е поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „1“ број 45.

Жителите од Батинци и Љубош ќе бидат без вода поради уличен дефект на улица „7“ број 520.

Водоснабдувањето во овие три села ќе биде прекинато се додека не се санираат дефектите.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2022 11:24