Музејот во Демир Капија доби лапидариум, информираа денеска од демиркаписката културна установа.

-Лапудариумот е како дел од постојаната поставка на музејот во Демир Капија, со изложена камена пластика која долго време беше незгрижена и незаштитена. Овој проект е финансиран од Министерството за култура, се најде решение како овие предмети кои се дел од нашето културно наследство да бидат на соодветен начин третирани и заштитени од уништување. На овој начин во исто време ги презентираме како дел од градба каде биле секундарно употребени, а нивната првична употреба или намена се архитектонски елементи од поголем објект. Кон целиот овој ограден простор додадена е и една метална табла на која описно е обележано нивното значење. Таблата ја изработи студентот на факултетот за туризам Филип Атанасов, за што му благодариме, рече за МИА, Цветанка Тодоровска Митрева, виш кустос археолог од демиркапискиот музеј.

Таа нагласи дека ова е уште една потврда за значењето на Демир Капија како место со долга историја, за што, како што додаде, укажуваат овие археолошки наоди.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2022 12:39