Јавната локална библиотека ,,Илинден” Делчево доби финансиска поддршка од Советот на Општина Делчево за печатење на книгата „Паметници за Царево село“. Како што информираше директорката Биљана Петровска станува збор за монографија која e аманет на следните генерации и раскажува за културно-историското наследство на овој крај.
-Јавната локална библиотека „Илинден“ и Делчево ќе добијат исклучителна монографија која веќе се печати и во која има голем број на податоци за црквите и манастирите во делчевско и сведоштва на царевоселци. Огромна благодарност до фамилија Арсовски за подарените вредни материјали, Советот на Оштина Делчево и Општина Делчево за поддршката и благодарност до Печатница „Студенски сервис“ и Ристовска Наташа за одличната соработка, рече Петровска.
Наскоро, како што додаде, оваа книга ќе биде достапна до сите читатели.
-Кога ќе вложиш труд, многу љубов, желба, и кога тоа ќе резултира со плод, среќата е голема . Па се радуваш на секоја искуцана буква, на секој препрочитан ред, сто пати корегиран, обликува. Лично, сум многу горда на оваа моја работа околу книгата и значителниот мој придонес во обелоденувањето на оваа исклучително значајна содржина во неа, додаде Петровска.
По излегувањето од печат, книгата „Паметници за Царево село“ ќе биде промовирана пред пошироката читателака публика од Делчево.