Американската кошаркарка Бритни Грајнер денеска пред рускиот суд се изјасни за виновна за обвиненијата за поседување дрога, поради што може да биде осудена на затворска казна до десет години.

„Би сакала да се изјаснам за виновна. Сепак, немав намера. Не сакав да го прекршам законот. Би сакала да сведочам подоцна. Ми треба време да се подготвам”, рекла Грајнер во судницата во близина на Москва, пренесува Гласот на Америка.

Следното судско рочиште е закажано за 14 јули.

Нејзиниот адвокат Александар Бојков за новинарите изјави дека се надева оти ќе и биде изречена најниската можна казна



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2022 04:54