Најдобриот кошаракр на Филаделфија, Џејмс Харден, ќе потпише двегодишен договор со намалување на платата од 15 милиони долари, објави инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Шаранија.

Така, 32-годишниот Американец сака да ја зголеми веројатноста Филаделфија да потпише нови кошаркари.

На крајот на јуни, Харден се откажа од клаузулата во договорот и нема да добие 47,3 милиони долари за следната сезона. Тој ќе остане во Филаделфија уште две години и се надева дека клубот може да биде конкурентен за шампионскиот трофеј во НБА-лигата.

Минатата сезона 32-годишниот Харден настапи на 21 натпревар за Филаделфија, со просек од 21 поен, седум скока и 10,5 асистенции.

Претходно Харден играше за Хјустон и Оклахома.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2022 09:30