Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години викендов ја победи соодветната селекција на Швајцарија со 77:59.

Избраниците на селекторот Никола Василев беа поуспешни во првата проверка која се играше во Скопје. Тие имаа постојано водство во текот на играта кое во првите десет минути беше (26:23), а на полувремето уште повисоко (47:39). Швајцарија ја доби третата четвртина со минимални (15:13). Во последната четвртина Македонците доминираа со 17:4.

Најефикасен во домашниот тим беше Марко Миловановиќ со 19 поени.

Двете селекции ќе одиграат уште еден подготвителен натпревар во „Кале“.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2022 02:20