Инсајдерот Марк Стајн, објави информација дека Бруклин нетс нема да го замени Кајри Ирвинг за Расел Вестбрук освен ако Лејкерси не им отстапи компензација во форма на избор на драфтот во првата рунда.

Лејкерси имаат право на пикови од првата рунда на драфтовите 2027 и 2029 година.

Стајн исто така забележува дека Нетси нема да брзаат да го трејдуваат Ирвинг. Клубот има намера пред се да договори соработка со Кевин Дурант.

После тоа, тие ќе продолжат со напорите кон изнаоѓање договор за Ирвинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2022 04:14