Легендата на НБА-лигата, Скоти Пипен се приклучи на преносот од натпреварот од Летната лига помеѓу Лејкерс и Шарлот и ги спореди модерните играчи со нивните претходници.

– Би рекол дека денешните играчи се подобри од оние кои играа во мое време. Сега е тешко да се игра. Ритамот на играта стана многу повисок. Мора да бидете многу издржливи. Треба да го одржувате овој ритам, но во исто време да удирате во рингот, инаку тренерот ќе ве испрати на клупата, изјави Пипен.

Неговиот син, Скоти Пипен Јуниор кој настапува за Лејкерси, натпреварот го заврши со 10 поени (4 од 15 од поле), 2 скока, 7 асистенции и 3 украдени топки за 30 минути.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2022 10:29