Македонскиот кошаркарски репрезентативец Кристијан Николов е нов член на турскиот прволигаш Конјаспор, потпишувајќи едногодишен договор.

Николов по пауза од неколку години се враќа во турското првенство од редовите на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром, во чиј дрес минатата сезона имаше просек од 7,6 поени, 1,9 скок и 3,6 асистенции по натпревар.

Претходно во кариерата, 25-годишниот плејмејкер настапуваше за турските екипи Галатасарај, Истанбул Бујукшехир, Јесилгиресун и Сокар Петким.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2022 12:05