Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години утре против Словенија ќе се обиде да избори пласман меѓу четирите најдобри селекции на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Скопје.

Македонските кошаркарки изборија пласман во четвртфиналето, откако синоќа ја совладаа Романија со 55-53, а подоцна Црна Гора триумфираше над Хрватска со убедливи 80-49.

Избраничките на Јелена Антиќ во четвртфиналето ќе се сретнат со репрезентацијата на Словенија која е првопласирана во Д сегментот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2022 11:40