НБА лигашот Индијана му понуди на центарот на Феникс, Деандре Ејтон, четиригодишен договор вреден 133 милиони долари, што претставува максимален износ кој можеа да го понудат, објави ЕСПН.

Ејтон има важечки договор со Феникс, но клубот сега може да го задржи во своите редови само доколку му понуди идентичен договор каков што со 23-годишниот центар е подготвена да потпише Индијана.

Понудената сума од 133 е рекорден износ за договор од таков вид.

Досегашниот рекорд изнесуваше 107 милиони долари, колку што во 2017 година Бруклин му понуди за на Ото Портер Јуниор за четиригодишен договор.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2022 11:33