Крилото на Сан Антонио Спарс, Келдон Џонсон, постигна нов четиригодишен договор со клубот вреден 80 милиони американски долари, објавија американските медиуми.
Дваесет и двегодишниот Џонсон зад себе има три сезони во Националната кошаркарска асоцијација, постигнувајќи 17 поени, 6,1 скока и 2,1 асистенции по натпревар, во последниот натпревар.
Тој беше втор најдобар играч за Сан Антонио минатата сезона по Дејунте Мареј, кој беше префрлен во тимот на Атланта Хокс на почетокот на летото.
Џонсон, исто така, беше дел од американскиот тим кој ја освои олимписката кошаркарска титула во Токио.