Во натпреварот за седмото место на Европското првенство „Дивизија“ Б“ под 20, Норвешка беше подобра од женската младинска репрезентација на Македонија со резултат 77:45.

Без три кошаркари во ростерот, Македонија беше дополнително ослабена во мечот кој одлучуваше која од двете селекции ќе биде седмопласирана на шампионатот во Скопје.

Освен Цветковска, надвор од строј за дуелот со Норвешка останаа и Игњатова и Салиу, и практично селекторот Јелена Антиќ на располагање имаше само девет кошаркарки.

Норвежанките ја контролираше предноста, најголемата стигна на истекот од првото полувреме кога поведоа со 39:25, разлика која со едно слободно фрлање ја намали Николиќ, и постави 26:39.

Уште поголема беше разликата помеѓу двете селекции во продолжението на дуелот, последен за нив на турнирот. Кај стрелците во нашата селекција најефикасни беа Селцова и Поп Стојанова (10 скокови) со по осум поени, а на спротивната страна Сенфорд постигна 26 поени (шест скокови, четири асистенции).



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2022 04:28