ЈП Водовод и канализација информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-600 мм на улица 1523/14 Пинтија, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата „Борис Трајковски“ (од крстосницата со булевар „Србија“ до мостот пред Драчево и краковите 3,5,7,9 и 11), с. Усје, населено место Каменик и дел од Пинтија.

-Можно е намалување на притисокот на водоснабдувањето во населбите Драчево, Батинци, Студеничани и Морани, велат од ЈП Водовод и канализација.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2022 11:45