Концепт плус од Скопје почна со имплементација на проектот „Скопје, ризница од културно богатство“, чија цел основна цел е изработка на видео презентација за културните објекти во градот како Ристиќевата палата, Феудалната кула, Старата железничка станица, Аквадуктот, Саат кулата и Хусеин Шаховата џамија, зачувување на културното богатство во дигитална форма и негова промоција.
Овие објекти, како што посочуваат од Концепт плус, имаат големо историско значење и улога за развојот на македонската култура и наследство, како и за културата воопшто.
Преку изработката на видео презентацијата голем број посетители од целиот свет ќе можат да ги посетат овие објекти и да го почувствуваат богатството кое го има во градот. Видео презентациите ќе бидат поставени на порталот www.visitskopje.mk , преку кој голем број граѓани ќе можат да се запознаат и да ги видат објектите кои се од историска важност во државава, а кои досега не ги посетиле, информираат од Концепт плус.