„Расчеречени души македонски“ е книгата на Нове Младеновски која вечер ќе биде промовирана во домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци.

Модератор ќе биде Мирјана Мукаетова, а промотор Гоце Ристовски. Промоцијата ќе биде збогатена со настап на музичкиот уметник Стевче Стојковски.

Нове Младеновски, кој подолго време живее во Австралија, е автор на четири романи. Во најновото негово прозно остварување говори за премрежјата и трансформациите на македонските откорнатици со кои тие се соочуваат во обидот да се прилагодат во новата мултиетничка урбана средина толкувајќи ги од аспект на сопствената национална култура, социјално психолошки, философски, верски и економски погледи наспрема реалноста во новата општествена средина.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2022 09:43